Наставник заработувал од цртежите на учениците

Djeciji Crtezi.jpg

„Замислете вашиот 13-годишен син да се врати дома од училиште со приказната дека неговиот учител по уметност продава уметнички дела на своите ученици преку Интернет за 94 долари по цртеж без да ги праша децата дали може да го направи тоа!? Тоа е сосема лудо“, објави родителот Џоел Де Белефеј на социјалните мрежи. „Сигурен сум дека не сум единствениот родител кој сака одговори.

Канадски наставник е на удар на критики за наводно користење на неговата лична веб-страница за да продаде речиси 100 уметнички дела на неговите ученици, што предизвика неверување и бес кај родителите.

Учениците од училиштето Вествуд во Монтреал дојдоа до неверојатно откритие откако ја прелистуваа веб-страницата на нивниот учител по уметност. На неа тие најдоа сопствена уметност, достапна за купување на шолји за кафе, футроли за мобилни телефони и облека.

Наставникот, идентификуван од CTV News како Марио Перона, не одговори на барањето на Гардијан за коментар. На својата веб-страница, жителот на Монтреал се опишува себеси како „доживотен студент на уметноста“ чии дела се појавуваат во приватни колекции во Канада, САД, Шпанија и Италија.

Сметките на социјалните мрежи поврзани со уметноста на Перон се отстранети, вклучувајќи ги и страниците на Инстаграм и Фејсбук.

Училишниот одбор во соопштение рече дека е „свесен за ситуацијата и ги сфаќа овие наводи многу сериозно“, додавајќи дека истрагата е „во тек“ и дека одборот не сака да коментира, пренесува Гардијан.

Related posts

Друштвените игри ве откриваат какви сте!

CityLife

Дали имате сува кожа? Овие намирници се главните виновници

CityLife

Германец бил вакциниран против корона 217 пати

CityLife