Маите и Ацтеките верувале дека какаото има магични и божанствени моќи кои се толку силни што ги користле во ритуалите поврзани со раѓање, венчавки и смрт.
Од 17 век европјаните уживале во напитоците од топло чоколадо, а верувале дека имаат прехрамбени, медицински и афродизијачки својства.
Нутриционистите ширум светот го препорачуваат чоколадото поради неговите позитивни здравтвени својства, како фактот дека консумирањето чоколадо го намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Но и покрај тоа чоколадото е главен негативец во други сценарија, кои вклучуваат акни, дебелеење и висок холестерол. Но дали, лошата репутација е оправдана?
1. Чоколадото го крева високиот холестерол
Ако се откажавте од чоколадото за да го намалите лошиот холестерол, можеби залудно сте го жртвувале уживањето во вкусната храна. Каква трагедија! Вистината е дека чоколадото содржи путер од какао, кое е богато со заситени маснотии, најголемиот дел од оваа маст потекнува од стеаринска киселина, која не се однесува како заситена маст. Студиите покажаа дека чоколадото не го зголемува нивото на лош холестерол, а кај некои луѓе всушност има спротивен ефект и го намалува лошиот холестерол.
2. Чоколадото е богато со кофеин
И покрај популарното верување, чоколадото содржи екстремно ниско ниво на кофеин. Значи, во популарните чоколади во просечно пакување од 100 грама може да најдеме 9 милиграми, додека темното чоколадо содржи околу 20 милиграми. Споредено со кафето кое содржи 330 милиграми кофеин, неговиот удел во чоколадото е занемарлив. Темните верзии на чоколадата се побогати со кофеин, но не до оној степен за кој многу луѓе мислат.
3. Шеќерот предизвикува хиперактивност
Вишокот шеќер кај децата може да предизвика нив да трчаат, да скокаат и генерално имитираат хеликоптер, нели? Тоа е она што го мислевме. Но, десетици студии за храна покажаа дека шеќерот во исхраната кај децата нема никаква врска со хиперактивно однесување. Постојат две теории: првата е дека екстазата ја создава околината, особено ако станува збор за роденденска забава или сличен собир, а во втората теорија се вели дека врската меѓу шеќерот и однесувањето ја очекуваат само родителите кои мислат дека децата ќе бидат повеќе немирни ако им дадат слатки. Се разбира, како и кај возрасните, има деца кои се почувствителни на кофеинот. За нив, тоа може да предизвика промени во расположението или распоредот на спиење.
4. Луѓето со дијабет треба да се откажат од чоколадото
Ова не е точно и дијабетичарите не треба целосно да ја избегнуваат оваа храна. Всушност, многумина се изненадени кога слушнале дека чоколадото има низок гликемиски индекс. Некои студии покажаа дека темното чоколадо може да предизвика хиперсензитивност на инсулин кај некои луѓе со дијабетес, па затоа сепак препорачливо е да се консултирате со лекар.
5. Чоколадите предизвикуваат паѓање на забите и кариес
Студиите кои го испитале развојот на плакетата по конзумирање на чоколадо, укажуваат дека чоколадото има помал ефект врз забите отколку шеќерот, додека другите студии тврдат дека нема врска меѓу чоколадото и кариесот. Во Осака, Јапонија, откриено е дека парчињата какао, главната состојка во чоколадото, го забавуваат растот на бактериите во устата и со тоа предизвикуваат побавно расипување на забите. Борбата против кариесот никогаш не звучеше толку вкусно.
6. Чоколадото дебелее
Очигледно јадењето чоколадна торта во недела нема да ви помогне да изгубите тежина, но една голема студија спроведена од Националниот институт за здравство откри дека конзумирањето на мали количини чоколадо на секои пет дена помага да се намали индексот на телесна маса (БМИ), дури и кај луѓето кои внесуваат повеќе калории и не вежбаат како другите субјекти.
7. Чоколадото е нутритивно сиромашно
Ако сте ги виделе научните студии за здравствените придобивки од чоколадото, знаете дека не е вистина. Обична табла со темно чоколадо содржи иста количина на антиоксиданти како повеќе од две и пол чаши зелен чај, чаша црвено вино или 2/3 чаша боровинки. Покрај тоа, чоколадото содржи минерали и диетални влакна.
8. Здравото чоколадо содржи најмалку 70% какао
Општа препорака е да се конзумира темно чоколадо со најмалку 70 проценти содржина какао, за да имате корист од здравствените придобивки на таа храна. Колку е потемна чоколадото, толку е поголема количината на антиоксиданти. Но, за време на студијата, која траела 18 недели, испитаниците јаделе мала количина чоколадо кое имало 50% какао. Им се снижил крвниот притисок. Од друга страна, друга студија открила подобрување на протокот на крв низ крвните садови и го намалува крвниот притисок откако конзумирале темно чоколадо со 60 проценти какао.
9. Чоколадото е афродизијак
Ацтеките први веруваа дека постои поврзаност помеѓу консумирањето чоколадо и романтичните чувства. Ацтечкиот владетел во Монтезума, наводно, јадел огромни количини чоколада за да ги подобри своите љубовни вештини, а Казанова го користел како дел од предиграта. Но, науката сè уште нема конкретни докази кои сугерираат дека чоколадото е афродизијак.
10. Чоколадото создава акни
Иако секој тинејџер верува во оваа фраза, студиите што започнаа уште во 60-тите години не успеаја да покажат дека постои врска помеѓу консумирање чоколадо и почетокот на акните. Големото истражување објавено во Journal of the American Medical Association наведува дека исхраната не игра улога кај повеќето пациенти кога станува збор за акни, па дури и консумирањето на големи количини чоколадо нема клинички ефект.
Поентата на оваа приказна е: Јадете чоколадо. Но, бидете умерени!