Милиони луѓе во Мексико, САД и Канада го чекаат целосното затемнување на Сонцето

Eclipse.jpg

Милиони луѓе денеска се надеваат на ведро небо во очекување на целосно затемнување на Сонцето. Метеоролозите предвидуваат облачно време во северниот дел на Мексико, Тексас и делови од регионот на Големите езера, јавува Би-би-си.

Подобро време се очекува во западно Мексико и делови од Средниот Запад на САД, со ведро небо веројатно во Нова Англија и Канада.

Целосното затемнување на Сонцето прво ќе се случи на западниот брег на Мексико.

Оваа појава ќе се движи североисточно низ густо населените области и неколку поголеми градови во трите земји.

Ова ќе биде прво затемнување во Америка од 2017 година, а следната можност за овој феномен ќе биде во 2044 година.

Related posts

Секојдневни случки кога родителот не треба да попушти

CityLife

Ќе го задржам, благодарам! Џенифер Лопез сè уште го има прстенот од поранешниот вереник

CityLife

Анџелина Џоли разочарана од судот дека не дозволил нејзините деца да сведочат

CityLife