Мет Дејмон продуцира филм за легендарниот концерт на „У2“ во Сараево: Сличностите меѓу војната во Југославија и Украина се морничави

Met Dejmon 2.jpg

Мет Дејмон, продуцент на документарниот филм „Бакнете ја иднината“ (Kiss the Future) за концертот на „У2“ во 1997 година во Сараево, рече дека постои сличност меѓу војната во поранешна Југославија и руската инвазија на Украина.

„Бакнете ја иднината“ беше премиерно прикажан на минатогодишниот филмски фестивал во Берлин, а летово го отвори Сараевскиот филмски фестивал. Иако филмот е за повоениот настап на бендот „У2“ на стадионот „Кошево“, во суштината на неговата приказна е всушност борбата на сараевчани да ја преживеат повеќегодишната опсада и начинот на кој ја користеа рок и панк-музиката да го одвлечат вниманието од секојдневното гранатирање и снајперските истрели.

Филмот е продуциран од холивудските ѕвезди Бен Афлек и Мет Дејмон, а режијата е на Ненад Чичин-Шејн. Дејмон во интервју за „Варајети“ пред почетокот на кинодистрибуцијата на овој документарец потсетува дека почетокот на работата на филмот се совпадна со руската инвазија на Украина.

„Сличностите меѓу она што се случи во поранешна Југославија и она што се случува сега со Украина се впечатливи и донекаде застрашувачки. Во двата случаја поттикнувачи се политичките насилници, но и во двата случаја жртви се невини цивили“, рече Дејмон наведувајќи дека руската инвазија на Украина имала големо влијание врз луѓето што ги интервјуирале во Сараево.

„Бакнете ја иднината“, според него, не само што нè потсетува дека „бесмислена, глупава војна може да избувне насекаде“, туку ја покажува и силата на човечкиот дух.

„Овие неверојатни луѓе живееја под опсада долги четири години. Како и да е, некако успеаја да опстанат, дури и да напредуваат, затоа што ја насочија својата енергија на работи што нè врзуваат, а не нè разделуваат. Музиката, уметноста и другите елементи на креативноста се работи што може и нè зближуваат. И ако сме заедно, ништо навистина не може да нè победи. Така, претпоставувам дека сакам луѓето да го видат тоа – да ги потсетам дека можеме да победиме сè, дури и најмрачна закана сè додека сме заедно“, рече Мет Дејмон, пренесува „Н1“.

Во филмот учествуваа и членови на бендот „У2“, како и познатата новинарка на Си-ен-ен, Кристијане Аманпур, и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.

Режисерот на филмот Ненад Чичин-Шаин е роден во поранешна Југославија од мешан брак меѓу Србинка и Хрват.

„Како југот на САД да војуваше со северот, денес, не пред 200 години. Нешто што изгледаше невозможно – го опиша Чичин-Шаин почетокот на војната во Југославија за американските медиуми.

На минатогодишниот филмски фестивал во Сараево тој рече дека се надева оти неговиот филм ќе биде прикажан во Србија, особено што не е критика на српскиот народ, туку на политичар што бил националист – Слободан Милошевиќ.

„Чекам покана од Србија“, изјави Чичин-Шаин.

Related posts

Четири здравствени придобивки од редовното консумирање авокадо

CityLife

Пријавил дека има само 300 евра, цариниците на аеродром се изненадиле кога му го отвориле куферот

CityLife

Кејт Мидлтон се огласи за првпат по операцијата со фотографија која је направи принцот Вилијам

CityLife