Меркур влегува во Бик: Следуваат три недели посмирена комуникација

Img 3526.jpeg

Астрологот Наташа Јанковска во емисијата „Планетите зборуваат“ на 4TV.mk најави дека од 3 мај Меркур го напушта знакот Овен и влегува во знакот Бик.

Според неа, оваа промена носи значително посмирена, постабилна и поразумна комуникација во следните три недели.

„Меркур во Бик носи смирена, стабилна и приземјена комуникација. Пред да кажеме нешто, повеќе ќе размислуваме“, истакна Јанковска.

Таа објасни дека додека Меркур бил во Овен, комуникацијата била побрза, понервозна и понекогаш конфликтна, бидејќи Овенот носи импулсивност и потреба веднаш да се реагира.

Со влегувањето во Бик, фокусот се префрла на вредностите, трпението, уживањето, креативноста и практичните разговори.

Јанковска посочи дека ова е добар период за размислување за тоа колку се вреднуваме себеси, како комуницираме со другите и дали во разговорите внесуваме мир, сигурност и стабилност.

Related posts

Џенифер Лопез ги покажа стомачните

CityLife

Грицки што не дебелеат и можете да ги јадете без вина

CityLife

Мајчината душица ги чисти белите дробови, ја лечи несоницата, ги елиминира раните

CityLife