Фустаните се враќаат во полн сјај и раскош и ги красат романтични, ретро елементи, а кројот е инспириран од дворските стилови и барокот, но сè заедно изгледа префинето и едноставно.
Модна дизајнерка која работи под уметничко име Меги Мерилин понуди интересна палета на хит фустани на австралиската модна недела.
Креациите се идеални за таканаречениот парти-стил или за одење на забава, дневна или ноќна, особено оние со сјајни ткаенини.
Фустаните се претежно миди и макси должини, а австралиската креаторка ги предлага со минималистички, еднобојни сандали.
Лесни природни материјали и балон-ракави, инспирирани од викторијанските дами, се дел од новата колекција.