Маслото од глуварче помага при проблеми со синусите

1177099 Maslacak Ulje Ulje Od Maslacka Ls.jpg

Глуварчето е исклучително лековито растение во народната медицина, а неговите листови се одлични за детоксикација. Цветовите се користат за правење мед и се полни со антиоксиданси.

Коренот е особено лековит и позитивно делува на имунитетот, ги намалува воспалителните процеси во организмот и се препорачува за здравјето на црниот дроб.

Масло од глуварче не е наменето за јадење, туку е одлично за надворешна употреба при болка, вкочанет врат, синусна главоболка, отечени и болни гради. Се нанесува на отечени и болни гради и при било каква болка. Може да се користи за масажа на целото тело, а за да помогне при опуштање се додава и малку лаванда.

Состојки:

Цветови од глуварче

Ладно цедено масло по избор (маслиново, масло од авокадо, масло од семки од грозје, бадемово масло, кокосово масло)

Подготовка:

Соберете цветови од глуварче, но целосно отстранете го зелениот дел (стеблото и листовите под цветот). Цветовите измијте ги, па оставете ги на крпа да се исушат. Кога ќе се исушат, наполнете половина од мала тегла со цветови, па прелијте ги со масло, за целосно да ги покрие цветовите.

Затворете ја теглата со газа, која можете да ја прицврстите со ластик за теглите. Оставете ја теглата на прозорец (на сончевата страна од куќата) да отстои околу две недели. Процедете го маслото, истурете го во стерилно шише и чувајте го на ладно и темно место.

Related posts

Коктел со зелен чај кој го зајакнува целиот организам

CityLife

Вистина или не? Дали брусницата спречува уринарни воспаленија?

CityLife

Спајдермен конечно се враќа дома во „Дизни плус“ во нов договор со „Сони“

CityLife