Македонска промоција на двата најнови албума на Влатко Стефановски утре во Скопје

Vlatko stefanovski foto.webp.webp

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски утре во Скопје ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на дискографската куќа „Кроација рекордс“.

На промоцијата, која ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“ со почеток во 12 часот, Стефановски ќе зборува за креативниот процес, инспирацијата зад албумите, како и за своите тековни и идни музички планови.

Скопската промоција следува по нивното неодамнешно претставување во Сплит во пресрет на доделувањето на престижната музичка награда „Порин“.

Како еден од најистакнатите гитаристи и автори на регионалната музичка сцена, Влатко Стефановски неодамна беше одликуван во Хрватска со наградата „Порин“ за животно дело (Porin Special Merit Award) како признание за неговиот особен придонес кон хрватската музика.

На настанот ќе присуствуваат и претставници на „Кроација рекордс“ од Загреб – уредничката Клаудија Чулар и извршната директорка Маја Видмар-Клариќ.

Related posts

Намирници што не треба да се подгреваат во микробранова печка

CityLife

Од кој родител ја наследуваме интелигенцијата

CityLife

Ацо Пејовиќ на 11 јули со голем концерт во Аква Парк Пробиштип

CityLife