Крис Хемсворт ѝ помага на својата сопруга Елса Патаки да биде форма за нејзиниот нов филм.
44-годишната актерка мора да биде во одлична физичка кондиција за да игра потполковник на војската во „Интерсептор“, па нејзиниот сопруг sвезда на „Тор“ споделува совети и ужива на тренинзите со неа.
Во разговор со магазинот „Хелоу“ таа рече: „Јас секогаш тренирам и одржувам форма затоа што сакам да имам тонирано тело. Но, за оваа улога, морав работите да ги подигнам на сосема друго ниво.“
Крис е воодушевен затоа што сега почесто тренираме заедно. Тој ми дава многу одлични совети.
„Сега работам повеќе тренинзи со тежина, затоа што требаше да ја зајакнам физичката сила… и требаше да бидам многу агилна. Беше многу тешко “.