Кристин Дејвис се придружи на тимот на нова хумористична серија

Kristin Davis Ellen Pompeo.jpg

Актерката од „Сексот и градот“, Кристин Дејвис, која се враќа за претстојниот рестарт на хит-серијата на Ејч-би-о макс, влезе во нов проект на стриминг-патформата.

56-годишната актерка го стави својот потпис за да глуми во Deeds, нова серија мрачна комедија за стриминг-услугата Ворнер-медија, објави порталот „Дедлајн“.

Проектот потекнува од продуцентската куќа на Елен Помпео, „Каламити Џејн“, а Дејвис исто така треба да биде и извршен продуцент.

Проектот ја следи очајната агентка (Дејвис) која чекори по сè помрачна патека кога е принудена да се здружи со млада двојка социопати, зависници од дрога.

Related posts

Коцките мраз го чистат вашиот мијалник како никој друг

CityLife

Овој хороскопски знак секој посакува да го има барем за пријател

CityLife

Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

CityLife