Кели Кларксон ќе ја замени Елен Деџенерис на американската ТВ

Пејачката и ток-шоу водителка Кели Кларксон ќе го преземе местото на Елен Деџенерис на американската телевизија, потврди мрежата „Ен-би-си“.

На почетокот на овој месец, Деџенерис објави дека нејзиното ток-шоу ќе заврши во 2022 година по 19 сезони. Водителката рече дека заминува затоа што нејзината емисија „повеќе не е предизвик“.

Ен-би-си соопшти дека „Шоуто на Кели Кларксон“ – сега во својата втора сезона – ќе ја замени програмата на Деџенерис од есен 2022 година.

Трејси Вилсон, извршна потпретседателка на NBCUniversal Syndication Studios, изјави: „Кели и целиот наш продукциски тим го вложија своето срце, заложба и неверојатна страст во создавање на емисија која одекнува кај луѓе од сите возрасти, култури и потекла.“

Текстот Кели Кларксон ќе ја замени Елен Деџенерис на американската ТВ е превземен од МАКФАКС.

Related posts

Пријанка Чопра како тинејџерка ја исмејувале по операција на носот

CityLife

Снимањето на „Невозможна мисија 7“ повторно прекинато

CityLife

Првоаприлскиот маскенбал во СОС Детското село поддржан од „Иуте кредит“

CityLife