Канје Вест ѝ помага на Ким во ребрендирањето на „ККВ бјути“ пред новото лансирање

45222093 0 image a 47 1625796531717.jpg

Канје Вест и Ким Кардашијан Вест добро се согласуваат повеќе од три месеци по нивната разделба, а сега тој ѝ помага во ребрендирање на „ККВ бјути“ – нејзина компанија и веб-продавница за козметика.

Вест (44) ѝ помогна на Ким(40), со која законски сè уште е во брак иако повеќе не живеат заедно, да го пронајде новото име на нејзиниот бренд за шминка, изјави извор за „Пејџ сикс“ во четвртокот. Името на брендот сè уште не е објавено.

„Новиот деловен потфат нема никаква врска со претстојниот развод,“ рече изворот, додавајќи дека тоа е во процес на припрема веќе некое време.

„Одлуката на Ким за ребрендирање нема никаква врска со бришење на „В“ во „ККВ“ бидејќи таа не го сменила своето законско име и сè уште го носи неговото презиме, Вест “, вели изворот.

„Таа е неверојатно возбудена од оваа следна фаза во својата кариера.“

Related posts

Хелен Хант на отворање на филмскиот фестивал Трибека

CityLife

Пронајдено дрво старо над 1000 години во Германија

CityLife

Која храна може да го намали лошиот холестерол?

CityLife