Американски староседелци изразуваат загриженост поради тоа што војводата и војвотката од Сасекс ги наводнуваат своите градини со вода што тие ја сметаат за света.
Куќата на принцот Хари и Меган во Калифорнија е изградена на земја што некогаш му припаѓала на племето Чумаш. Во ова подрачје се наоѓаат неколку топли и ладни извори, како и низа подземни реки, од кои локалните жители пренасочуваат вода.
Елеонор Фишбурн, водач на домородното американско племе, вели дека Хари (36) и Меган (39) – кои се повлекоа од кралските должности минатата година – не треба оваа вода да ја користат за наводнување на нивните градини.
Според весникот „Сан“ таа рекла: „За нас, оваа вода е чиста вода, света вода и церемонијална вода.“
„Како домородно население, тоа е свето за нас и идејата дека луѓето во областа користат вода од извори за да ја напојат својата градина е нешто што не ни одговара.“
Еленор ја поканила двојката да разговараат за алтернативни опции.
„Би било добро ако дојдат за да можеме да им ја објасниме нашата историја и култура и да им кажеме колку е водата за нас света. Би било добро да им објасниме дека ако ја користат водата за наводнување на својата градина, тие имаат алтернативен избор.“