Илон Маск и Бијонсе на тајна церемонија кај Макрон

2231422.jpeg

Францускиот претседател Емануел Макрон му додели орден на милијардерот Бернард Арно, главниот извршен директор на корпорацијта „Луј Витон“ (LVMH), на церемонијата во Париз во средата на која присуствуваа суперѕвездата Бијонсе и коосновачот на Tесла, Илон Маск, објавија француските медиуми.

Дочекот во Елисејската палата во чест на најбогатиот човек на светот кој беше награден со Големиот крст на Легијата, француските власти не го објавија ниту на социјалните мрежи, ниту на друго место.

Ниту канцеларијата на Макрон, ниту LVMH не одговорија на барањето на медиумите за коментар.

Арно, кој ја изгради најголемата светска империја на луксузни стоки и контролира некои од најгламурозните брендови во модата, вклучувајќи ги Луј Витон и Кристијан Диор, воспостави блиски врски со францускиот претседател.

Главниот извршен директор на LVMH отвори серија фабрики низ Франција во изминатите неколку години, ревитализирајќи ги руралните области со добро платени работни места во производството на кожни производи, што владата го посочи како доказ за успехот на неговата политика.

Во 2020 година, Ројтерс објави дека Макрон побарал од неговата влада да му помогне на Арно да преговара за купување на иконата американска златара Тифани за да добие подобра цена, според неколку извори.

Елисејската палата потоа одби да ги коментира наводите.

Related posts

Принцoт Хари проговори за инвазијата на приватност во Лос Анџелес: Не мислевме да живееме тука!

CityLife

Лекар открива на која возраст треба да престанеме да пиеме ако сакаме да ја спречиме деменцијата

CityLife

7 совети за здраво чистење на црниот дроб

CityLife