„Земја на Номади“ и „Надежна млада жена“ триумфираа на БАФТА

„Земја на Номади“ и „Надежна млада жена“ се најголемите победници на овогодинешните награди на Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА), попознати како британски „Оскари“.

Церемонијата се одржа во саботата и неделата (10 и 11 април) во лондонскиот Ројал Алберт Хол, а номинираните виртуелно присуствуваа на настанот.

Nomadland („Земја на Номади“), драма за жена која живее во комбе на американскиот запад по финансиската несреќа, доби најголеми признанија на филмските награди „Бафта“.

Тој освои четири награди – за најдобар филм, режија, најдобра женска улога за актерката Франсис Мекдорманд, и камера.

Овој триумф ја направи Клои Жао втора жена најдобрата режисерка во 53-годишната историја на БАФТА.

Promising Young Woman („Недежна млада жена“) доби награда за најдобар британски филм.

Данскиот Another Round („Уште една тура“) во режија на Томас Винтерберг е избран за најдобар странски филм.

Сер Ентони Хопкинс ја освои статуетката за најдобар актер за филмот „Татко“, 27 години по неговата последна победа на БАФТА.

83-годишниот Хопкинс, кој победи глумејќи човек кој тоне во деменција и губи допир со реалноста, е најстариот добитник на оваа награда. Но, тој не ја гледал церемонијата во неделата, а подоцна рече дека дознал дека победил откако слушнал навивање од соседната соба.

„Сликав во мојата соба и слушнав радосни извици навивање позади вратата,“ рече тој по церемонијата. „Помислив, што по ѓаволите се случи? Мислев дека гледаат фудбалски натпревар. И тие влегоа и рекоа дека сум победил”.

Филмскиот свет ги чекаше британските филмски награди во време на очајнички напори да се испочитува диверзитетот по негодувањето минатата година.

Како и „Златните глобуси“, овие награди се сметаат за предвесник на „Оскарите“.

Related posts

Над милијарда луѓе во светот се со прекумерна тежина

CityLife

Ѓорѓе Давид доби дозвола да ја напушти Македонија

CityLife

Маратонецот од Британија беше првиот што ја истрча должината на Африка: за 352 дена помина 16 земји

CityLife