Заедно во јавност – Џенифер Лопез и Бен Афлек не можат да ги држат рацете настрана еден од друг

Jennifer Lopez and Ben Affleck enjoy romantic dinner in West Hollywood.jpg

Џенифер Лопез и Бен Афлек ја оставија јавноста да се прашува за статусот на нивната врска откако беа забележани заедно кон крајот на април, кратко по нејзината разделба од тогашниот свршеник Алекс Родригез.

Но, се чини дека дуото ја потврди својата обновена романса на вечера во отмен ресторан во Западен Холивуд во понеделникот.

Џенифер и Бен стоеа прегрнати додека чекаа да бидат сместени во новиот ресторан „Волфганг Пак“ во отмениот хотел „Пендри“.

Папараците направија десетици фотографии со вљубените. На една од нив, 51-годишната латино дива ја навалува главата во вратот на 48-годишниот оскаровец, а тој цврсто ја држи со едната рака.

Таблоидите објавија дека вечерата траела неколку часа и дека подоцна им се придружил долгогодишниот менаџер на Лопез, Бени Медина, и нејзината продуцентка Елејн Голдсмит-Томас.

Related posts

Повредата на Де Ниро нема да влијае на продукцијата на новиот филм

CityLife

Каскадер во Италија седна на покривот на автомобил и го управуваше воланот со нозете па удри во публиката

CityLife

Град изграден од дијаманти

CityLife