Елен Деџенерис најави крај на своето шоу по 19 години во етерот

Елен Деџенерис ќе стави крај на своето долгогодишно ток-шоу во 2022 година, по 19 години во етерот.

„Колку и да е одлична оваа емисија, и колку и да е забавна, едноставно повеќе не е предизвик“, изјави таа за „Холивуд репортер“.

Најавата доаѓа само неколку месеци откако шоуто се соочи со обвинувања за токсична работна атмосфера. Ваквите наводи доведоа до откази на тројца главни продуценти, а Деџенерис ја отвори новата сезона со јавно извинување.

Шоуто на Елен Деџенерис, кое се емитува од септември 2003 година, ќе заврши во 2022 година по 19-тата сезона.

Секојдневна комбинација од комедија, интервјуа и интересни приказни на луѓе е главна тема на телевизиското шоу, иако гледаноста опаѓа во последниве години.

Related posts

„Маски, смеа, рингишпил- дојди во Шеговил!“ – голема забава под маски во Кисела Вода

CityLife

Во чест на Мирко Попов промоција на винил издание – ПОП КУЛТУРА

CityLife

Четири намирници кои треба да ги јадеме за здрави црева

CityLife