Евростат: Онлајн училниците се повеќе се користат во Европа

20240125100327 Big 730x400 5.webp.webp

Во земјите на Европската унија (ЕУ) минатата година има забележителен пораст на онлајн образовните курсеви, па така 30 отсто од корисниците на Интернет во ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години следеле онлајн курсеви или користеле онлајн материјали за учење, што е два процентни поени повеќе во однос на 2022 година, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат.

Од сите членки на Европската унија, Холандија имаше најголем удел (54 проценти) од интернет-корисниците кои се образовани преку Интернет, потоа Финска (53 проценти), Шведска (48 проценти), Шпанија (47 проценти) и Естонија (45 проценти).

За разлика од тие земји, онлајн образованието не беше вообичаено во Романија каде што беа забележани само 10 проценти, Кипар (16 проценти), Бугарија и Грција (по 17 проценти) и Полска (18 проценти).

Севкупно, учеството во онлајн образованието во 2023 година е зголемено во споредба со 2022 година, покажуваат податоците на Евростат.

Процентот на луѓе кои посетуваат курсеви преку Интернет или користат материјали за учење преку Интернет е зголемен во повеќето земји од ЕУ, при што најголем пораст е забележан во Холандија (12 процентни поени), додека падот е забележан во Грција (12 процентни поени), покажуваат податоците на Евростат.

Related posts

Крадец во САД ја одвлекол и сопственичката на автомобилот што го украл: жената сакала да го спречи инцидентот

CityLife

Келвин Клајн го покажа 46 години помладиот партнер

CityLife

Од 2030 година ЕУ ќе забрани пластична амбалажа во рестораните

CityLife