Европскиот суд: „Јутуб“ не е одговорен за кршење на авторските права

Европскиот суд на правдата пресуди дека „Јутуб“ во сопственост на „Гугл“ и други платформи не е одговорен за кршење на авторските права за содржината што корисниците ја поставуваат на своите платформи под одредени услови.

Овој случај е најновиот развој во долготрајната битка помеѓу европската креативна индустрија и онлајн платформите, додека првите бараат надомест за неовластено користење на содржината која се пренесува онлајн.

„Јутјуб“ се најде на обвинителна клупа откако музичкиот продуцент Френк Петерсон гпокрена тужба во Германија, оти корисници на мрежата во текот на 2008 година прикачиле видеа на кои се прекршени авторските права.

Во друг случај, производствената компанија „Елсевиер“ во Германија го тужеше „Cyando“ – сервис што обезбедува услуги за складирање на податоци, откако нејзините корисници прикачиле неколку дела на „Елзевиер“ на платформата без нивно одобрување.

Related posts

Пијалоци кои го зголемуваат ризикот од аритмија

CityLife

Принцот Чарлс сè уште му е лут на Хари поради интервјуто за Опра

CityLife

(Видео) Погледнете ја оваа суперјахта вредна 60 милиони долари

CityLife