Еве зошто кесичката со чипс никогаш не е полна

Img 4266.jpeg

Чипсот е идеалниот избор за грицки за навечер кога гледате фудбал или уживате во маратонско гледање на вашата омилена серија.

Кога е чипсот во прашање, многу често се прашуваме која е причината поради која кесата со чипс никогаш не е полна.

Одговорот е дека не е чипсот малку, туку кесата е голема, а полна е со воздух бидејќи на тој начин се заштитува чипсот од оштетување. При транспорт се случува доставувачите да не внимаваат како ги пренесуваат намирниците, па ако не е полна со воздух кесичката, многу е веројатно дека ќе добиете ронки со вкус на чипс.

Но тоа не е сè. Всушност, кесите чипс не се полнат со обичен воздух, туку со разреден азотен гас, кој помага во одржување на свежината на чипсот. Се работи за гас кој е сосема безбеден при производството на храна.

Related posts

Бил Козби останува во затвор

CityLife

Пријавил дека има само 300 евра, цариниците на аеродром се изненадиле кога му го отвориле куферот

CityLife

Пол Макартни стана првиот британски музичар милијардер

CityLife