Дубаи првиот град со летачко такси до 2026 година

Jobyreveal Sep2020.jpg

Обединетите Арапски Емирати вчера потпишаа договор за првата услуга за летачко такси до 2026 година. Дубаи, на тој начин, ќе стане првиот град во светот којшто ќе нуди комерцијално електрично летачко такси, се вели во соопштението од властите.

Државната новинската агенција на Емиратите објави на платформата „X“ дека „Џоби евиејшн С-4“ (Joby Aviation S4) ќе може да прими пилот и четворица патници. Предност е и нултата емисија на издувни гасови.

Таксито, со максимален опсег на лет од 161 километар и максимална брзина од 320 километри на час, ќе биде достапно во близина на Меѓународниот аеродром во Дубаи, центарот на градот и неколку други битни точки во градот. Времето на патување меѓу аеродромот и Палм Џумеира, на пр., коешто со автомобил трае 45 минути, ќе се намали на 10 минути со летачко такси.

Related posts

„Гугл“ најави нови отпуштања во 2024 година, сака да ги пренасочи парите за развој на Al

CityLife

Климатските промени ќе ја зголемат инфлацијата на храната

CityLife

Зошто е важно појадокот да содржи протеини

CityLife