Дали шишањето го забрзува растот на косата?

Image 1358515448 16.jpg

Брзиот одговор на прашањето „дали редовното шишање навистина го поттикнува растот на косата“ е не. Косата расте од коренот, па средувањето на врвовите нема да помогне да расте побрзо. Сепак, редовните фризури ќе ја одржат вашата коса пополна, што е клучно доколку сакате долга, бујна коса. Сечење на разделените врвови и оштетена коса помага вашата коса да изгледа поздрава и погуста. И колку често треба да ја шишаме косата? Зависи од типот на косата и фризурата. За коса со текстура, се препорачува да се шишате на секои два до три месеци за фризурата да изгледа добро.

За нетекстурирана коса најмногу зависи од тоа колку брзо ви расте косата и каква фризура/стил имате. За кратки стилови, како што се кроп или пикси, се препорачува шишање на секои 3-4 недели. Ако носите боб, периодот помеѓу две фризури може да биде малку подолг. Ако имате долга коса, можете да се потстрижувате на секои 4 месеци.

Доколку сакате да го забрзате растот на косата, постојат следниве совети кои ќе ви помогнат во тоа.

Користете квалитетни производи

Важно е да се запамети дека растот на косата започнува со здрав скалп, затоа користете висококвалитетни производи кои нема да ги затнат фоликулите на косата и да го иритираат скалпот. Длабоката масажа на скалпот може да направи чуда за растот на косата и здравјето на косата. Со масажа на скалпот, го стимулирате протокот на крв во фоликулите на косата, што им помага да растат здрави и брзи. Можете да го масирате скалпот 1-2 минути под туш заедно со вашиот шампон или можете да направите сува масажа со неколку капки масло за коса за да го нахраните и масирате скалпот во исто време.

Додатоци

Многу додатоци кои моментално се на пазарот можат да го поттикнат растот на косата. Експертите препорачуваат оние кои содржат биотин, колаген и антиоксиданси како што се витамин Ц и Е. А сите овие состојки можете да ги добиете преку храната. Бидејќи косата, како и целото тело, се храни одвнатре. Ако сакате бујна и здрава коса, јадете здрава и разновидна исхрана. Спијте осум часа на ден, пијте доволно вода и бидете помалку нервозни.

Related posts

Финансискиот стрес најмногу му штети на биолошкото здравје, покажува нова студија

CityLife

На Бахамите убиени 18 туристи од почетокот на годината- Америка издаде предупредување

CityLife

Луѓето кои јадат зеленчук се посреќни, еве зошто

CityLife