Давид ги замоли медиумите да не му прават проблеми со објавуавње на невистинити наслови !

ѓорѓе давид Фото Принтскрин Јутјуб1.jpg

Српскиот рок-музичар и член на жирито на „Ѕвездите на гранд“ Ѓорѓе Давид (Николиќ), кој минатииот викенд со својот автомобил усмрти жена на автопатот пред граничниот премин Табановце не ја напуштил Македонија. Денеска Давид со видео на Инстаграм соопшти дека уште не ја напуштил Македонија и ги замоли медиумите да престанат да пишуваат дека ја напуштил државата. – Имајте барем малку емпатија и разбирање за ситуацијата во која се наоѓам. Јас не сум ги добил своите документи, не сум ја напуштил Македонија. Моите документи се во Јавното обвинителство Куманово. Мене тоа ми прави проблем и предизвикува омраза кај овие луѓе кои мислат дека јас ви барам да го пишувате тоа. Ми ја отежнувате ситуацијата, ми правите пекол од животот. Кога ќе ги имам документите и кога ќе ја преминам границата, јас прв ќе се јавам – вели во објавата музичарот. Од Јавното обвинителство велат дека кумановскиот суд во текот на викендот донел одлука да ги замени мерките на претпазливост. – Одредено е единствено лицето еднаш месечно да се јавува во Судот. Од ОЈО Куманово не беше побарано мислење за замената на мерките – велат од Јавното обвинителство и додаваат дека новите мерки за претпазливост се уште не се правосилни. Одлуката за враќање на пасошот на Давид треба да ја донесе Основниот суд Куманово.

Related posts

Има решение за стравот од летање и турбуленции во авионот: Проверете на апликацијата

CityLife

Италија воведува строги правила за инфлуенсерите: „Ова е крајот на Дивиот Запад“

CityLife

Ова е најдобриот начин да се консумира куркума за слабеење

CityLife