Гвинет Палтроу позира топлес во реклама за сопствен накит

Гвинет Палтроу позира топлес додека ја претставува својата нова линија накит, G Label.

Актерката од „Вљубениот Шекспир“ речиси го засенува својот ѓердан – златен чокер од 2.500 долари – додека позира со десната рака нежно покривајќи ги голите гради.

Фотографијата не само што го покажува телото на Гвинет (48), туку дава и увид во нејзината врска со ќерката Епл (17).

 

Гвинет откри дека таа и Епл ќе добиваат нов пирсинг на секој роденден на ќерка ѝ

„Секоја година на роденденот на Епл добиваме нов пирсинг – тоа е наша традиција. Таа беше голема инспирација за оваа колекција и ми помогна да ги рафинирам дизајните. Парчињата накит ги именував по неа и нејзините најдобри пријатели “, напиша Гвинет на веб-страницата на својот бренд Goop („ Гуп “).

Гвинет, која ја дели ќерката Епл и синот Мозес (15) со поранешниот сопруг Крис Мартин, ја покажа својата елегантна колекција накит – ѓердани, обетки и прстени – облечена во различни комбинации.

Related posts

(Видео) Ибрахимовиќ ѕвезда и на годинешниот „Сан Ремо“

CityLife

Илјадници го повикaa принцот Хари да се откаже од своите кралски титули за доброто на монархијата

CityLife

Иса Реј во етерично издание на виртуелен црвен тепих

CityLife