Вучиќ направи снешко во Давос и го закити со капа и шал со српски симболи

20240117121833.jpg

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, на Тик-Ток објави видео со Снешко кое самиот го направи во Давос и го посвети на својот најмлад син Вукан. Снешкото го закити со шал и капа со српски симболи и во објавата напиша. – Ова ќе биде најубавиот Снешко во Клостерс и Давос со шал и капа на Србија. Мислам дека ова е третиот Снешко во животот што сум го направил заедно или за Вукан. Ова е најдобриот и најубавиот Снешко во Швајцарија. И токму за нашите спортисти да освојат најмногу медали и на Олимпијадата и во фудбалот на претстојното Европско првенство – порача Вучиќ во видеото на својот Тик-Ток профил.

Related posts

Те убива истата досадна рутина? Овие мали промени ќе ти го подобрат денот

CityLife

Го менуваат расположението како што дува ветерот: промените кај овие хороскопски знаци доаѓаат од никаде

CityLife

Вратете го сјајот на косата со овие едноставни трикови

CityLife