Фронтменот на U2, Боно Вокс, го скандираше името на Алексеј Навални заедно со публиката за време на концертот во Лас Вегас.
-Путин никогаш не би го изговорил неговото име. Затоа помислив дека вечерва луѓето кои веруваат во слобода мора да го кажат неговото име – изјави Вокс и објави на Х профилот на бендот U2.
Критичарот на рускиот претседател Владимир Путин и опозиционерот Алексеј Навални починаа на 16 февруари.
Како што соопшти руската затворска управа, тој на 48-годишна возраст почина во поправната колонија бр.3 во автономниот округ Јамало-Ненец.