„Веселите девојки“ доаѓаат во Скопје

20240118102030 Big 730x400 50.webp.webp

Урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен, кончено во Скопје. Музичко-сценскиот спектакл ,,Веселите девојки’’ во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува и Тијана Дапчевиќ, на 23-ти март ќе биде изведен на сцената во „Македонска Филхармонија“.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на моминска вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.

На овој музичко-сценски спектакл ќе настапат Тијана Дапчевиќ, Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите ќе имате можност да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com, Розе Веро 2 и ЈК Травел во Бисер.

Related posts

Твитот на Гал Гадот за насилството меѓу Израел и Палестина предизвика војна на социјалните мрежи

CityLife

Лансирана е „Рувики“, руската верзија на „Википедија“

CityLife

Евросонг доби зелено светло за 3.500 луѓе во публика

CityLife