Брус Ли се врати во Мостар – полицијата успеа да ја пронајде украдната статуа

брус ли 1.jpg

Украдената статуа на легендарниот актер и мајстор за боречки вештини Брус Ли, која беше поставена во големиот градски парк во Мостар во 2005 година, беше пронајдена од полицијата, а злосторникот што ја украл и сокрил е уапсен.

Статуата исчезна од паркот во Мостар на 3 март, а како што утврдила полицијата, статуата била одвоена од постаментот со пила и украдена. Потоа се преземени сите истражни мерки за пронаоѓање на статуата и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Настанот предизвика бројни осуди, критики, коментари и бура од реакции, бидејќи статуата во најголемиот град во Херцеговина стана своевидна атракција.

Автор на бронзената статуа на Брус Ли е загрепскиот академски скулптор Иван Фијолиќ, а споменикот во неколку наврати беше мета на вандали кои неколкупати го оштетуваа, па градските власти претходно го отстранија поради санација и доработка.

Related posts

Украл авион од аеродром и слетал на плажа во Калифорнија

CityLife

Задоволителна делотворност на „Старлинк“ сателитите на „Спејс-Икс“

CityLife

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра

CityLife