„БРИТ авордс“ – музичките ѕвезди почнаа да пристигаат во Лондон

118448924 britscomp.jpg

Вечерашната церемонија на доделување на британските музички награди во лондонската О2 арена ќе биде првиот голем настан во затворено и со музика во живо по повеќе од една година.

Големото шоу и објавувањето на наградите за 2021 година ќе се одржи пред неколкуилјадна публика во познатата О2 арена во Лондон без социјално дистанцирање и без маски за лице.

„Колдплеј“ ќе ја отвори свеченоста со изведба од платформа на реката Темза. Дуа Липа, Арло Паркс и Хеди Уан ќе настапат внатре во арената.

„БРИТ авордс“ годинава се дел од пилот-програмата на владата за масовни настани во живо, еден вид експеримент за тоа како ваквите и слични на нив настани ќе функционираат по пандемијата.

Публиката од 4,000 луѓе, колку што дозволија организаторите, нема да има потреба да носи маски или да биде физички дистанцирана, но ќе треба да има негативен тест за Ковид.

Related posts

Не правете една работа ако ве фати грч во вода: Дополнителни совети како да ја спречите оваа појава

CityLife

Како косата да ви остане чиста подолго

CityLife

Менаџерот на Бритни Спирс поднесе оставка

CityLife