Бизарно предупредување на американските власти: „Не ги прегрнувајте и не ги бакнувајте своите кокошки“

Во Соединетите држави неодамна беше забележано зголемување на бројот на луѓе кои страдаат од салмонелоза, предизвикана од бактеријата Салмонела, па властите издадоа препорака за која многумина се насмеаја.

„Не ги бакнувајте или прегрнувајте пердувестите животни и не јадете или пиете во нивна близина“, порача Центарот за контрола и превенција на болести, главната сојузна државна агенција за јавно здравје.

Центарот објасни дека зголемувањето на бројот на случаи со салмонелоза е делумно поврзано со ваквото однесување. Од средината на февруари, регистрирани се 163 случаи, од кои 34 завршиле со хоспитализација.

„Во разговорите со пациенти беше утврдено дека контактите со живината се веројатен извор на епидемијата. Иако изгледаат чисти, кокошките и патките можат да пренесат салмонела, бактерија што предизвикува дијареја, треска и повраќање“, велат експертите на агенцијата.

Властите препорачаа и темелно миење на рацете по контакт со живината.

Related posts

Ќерката на Ед Ширан плаче кога тој пее

CityLife

Неверојатно е што се случува ако јадете 7 ореви секој ден

CityLife

Копривата е одлична за пролетно јакнење на имунитетот

CityLife