Победник на овогодишниот музички натпревар „Дора“, кој ќе ја претставува Хрватска на „Евровизија“ во Малме, Шведска, е Бејби Лазања со песната „Рим тим таги дим“. Пејачот, чие вистинско име е Марко Пуришиќ, пред новинарите потоа, емотивно и со солзи, победата му ја посвети на семејството.
– Тешко е да се посвети победа на еден човек, но семејството е секогаш на прво место, затоа ова го посветувам на семејството, рече Марко,
Победата на Бејби Лазања предизвикува поделени мислења и контроверзии во хрватската јавност.
Инаку, тој влезе во натпреварот како резерва, т.е. замена за пејачката За-За. Таа потоа ја поздрави неговата победа, како и други негови колеги. Бејби Лазања доби 74 поени од жирито и дури 247 според гласовите на публиката.