Балерина починала од алергија, јадела колаче на кое погрешно стоело дека не содржи кикиритки

12312432.webp.webp

Британската балерина Орла Баксендејл почина на 26-годишна возраст, откако изеде колаче кое погрешно беше означено дека не содржи без кикирики.

Баксендејл доживеала анафилактичен шок како резултат на тешка алергиска реакција додека јадела фирентинско колаче од ванила на 11 јануари, изјави адвокатот на нејзиното семејство, Марио Адимеи, пишува Њујорк пост.

„Смртта на Орла е резултат на несреќен инцидент со консумирање колачиња произведени од Cookies United и продадени од Stew Leonard’s, кои содржеле кикиритки“, рече адвокатот.

Инцидентот доведе до повлекување на колачињата од продавниците.

Синџирот на намирници Stew Leonard’s рече дека пекарата на Лонг Ајленд од која ги купува колачињата не ги известила за промената на состојките во фирентинските колачиња од ванила.

Од друга страна, „Cookies United“ истакнуваат дека објавиле дека има промена во состојките во колачињата.

Баксендејл е родена во Манчестер, Велика Британија, а се преселила во Њујорк во 2018 година.

Таа настапи за време на Модната недела во Њујорк, а соработуваше и со Линколн Центарот.

Related posts

Јанковска: Следува недела на конфликти, нервоза и хаос во сообраќајот!

CityLife

Дневен хороскоп за 07 април 2026

CityLife

Пирс Броснан зел копии на познати слики од филмски сет

CityLife