Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Анџелина Џоли беше фотографирана во Њујорк додека ужива во продолжено патување на источниот брег каде ги посети музеите, рестораните и станот на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер.

Актерката (46) се пофали со нова тетоважа на левата рака кога излегуваше од хотелот „Карлајл“ на горната источна страна на Менхетен.

Таблоидите шпекулираат дека Џоли тетоважата ја направила неодамна, среде долгата судска битка за целосно старателство над децата од бракот со Бред Пит.

Тетоважата гласи „eppur si muove“ што е италијански и во превод значи „сепак се движи“.

Цитатот е од италијанскиот физичар, математичар и астроном Галилео Галилеј. „Земјата се движи и не е центар на универзумот,“ рече тој пред инквизиторите, како да сакал да каже дека можеби ја добиле оваа битка, но на крајот, вистината ќе победи.

Related posts

Одложен лет во Кина: патник фрлал пари во моторот на авионот

CityLife

Дони Јен се здружува со Киану Ривс за „Џон Вик 4“

CityLife

Дру Баримур по грешка му испратила непристојно видео на тинејџер

CityLife