Ангелите паднаа! „Викторијас сикрет“ ја менува стратегијата на супермодели облечени во долна облека

Victoria’s Secret ги претстави своите нови портпаролки, меѓу кои се индиската актерка Пријанка Чопра Џонас и американската фудбалерка Меган Рапиное, која исто така е заговарач за правата на ЛГБТ-заедницата.

Пријанка (38) Меган (35), се придружуваат на списокот со други „водечки икони“ кои се регрутирани да ја обликуваат иднината на брендот согласно неговата заложба за диверзитет, објави во средата „Пејџ сикс“.

Порталот цитира анонимен извор кој пренесува дека „жените повеќе нема да позираат во долна облека, туку наместо тоа, ќе се појавуваат на подкаст и во маркетинг-материјали за брендот“.

Традиционално, брендот беше промовиран од список супермодели од висок профил, со оние кои согласно договорот со брендот беа познати како „Ангели“ на Викторија.

 

Запрашан дали „Ангелите“ ќе се вратат некогаш, извршниот директор на брендот Мартин Вотерс рече: „Во моментов, не гледам дека е релевантно од културна гледна точка“.

Вотерс, кој беше назначен за извршен директор во февруари, за „Њујорк тајмс“ изјави дека модниот бренд за долна облека „треба да престане да биде она што сакаат мажите и, наместо тоа, да се знимава со она што сакаат жените.

„Знаев дека треба да го менуваме овој бренд подолго време, едноставно немавме контрола врз компанијата за да можеме да го направиме тоа,“ додаде тој.

Related posts

Лил Вејн даде 15.4 милиони долари за импресивна палата во Хидн Хилс

CityLife

Како да ја спречите појавата на херпес?

CityLife

Едноставен тест дома со кој ќе откриете дали ви се затнати крвните садови

CityLife