Амброзио во совршена форма како и секогаш

1617938582 2zop.jpg

Алесандра Амброзио ја покажа својата беспрекорно тонирана фигура додека излегува од тренинг во спортски градник и хеланки, коментираат таблоидите, додавајќи дека атрактивната Бразилка ќе наполни 40 години в недела.

Таа неодамна му изјави љубов на новиот човек во нејзиниот живот, моделот Ричард Ли.

И додека се подготвува за својот 40.роденден, Алесандра продолжува со својата секојдневна рутина за да остане во топ-форма.

Во четвртокот, папараците ја уловија кога ја напушташе салата за вежбање во атлетско издание – зелен спортски градник и бели хеланки – кои ја истакнуваат нејзината беспрекорно тонирана фигура.

Подоцна таа се огласи на својот Инстаграм за да сподели фотографии од сесијата вежби.

Алесандра моментално ужива во нова жешка романса откако се раздели со момчето Николо Оди по двеодишна врска. Таа минатиот месец потврди дека е со моделот Ричард Ли, а таблоидите шпекулираат дека нивната врска станува сериозна.

Во неделата на Велигден, супермоделот сподели видеа од нив двајца заедно, како и фотографија на која се бакнуваат додека носат уши од зајачиња.

„Те сакам со целото мое срце“, напиша таа под објавата.

Related posts

Ќе го задржам, благодарам! Џенифер Лопез сè уште го има прстенот од поранешниот вереник

CityLife

Бил Гејтс доаѓал на работа со мерцедес, а со љубовниците се среќавал во златно порше

CityLife

Кралицата одобри забрана Меган Маркл да позајмува кралски накит

CityLife