Алекс Родригез видно расположен и со широка насмевка кон папараците се упати на вечера во Њујорк, веројатно сакајќи да покаже дека добро му оди иако Џенифер Лопез ја обнови врската со Бен Афлек.
Алекс и Џенифер ја прекинаа свршувачката уште во април.
А, сега тој покажа дека е расположен и лесно прилагодлив на сингл-живот додека вечераше сам во Њујорк во саботата.
45-годишниот поранешен бејзбол играч беше забележан во раните вечерни часови во италијанско ресторан Бар Пити, додека неговата поранешна продолжува да ја разгорува романсата со поранешниот свршеник Бен Афлек.