Австралиска фарма со рекорд за најголема боровинка во светот

876.jpg

Фарма кaj Коринди, Нов Јужен Велс, Австралија постави нов светски рекорд за најголемата одгледана боровинка. Овошјето набрано во ноември и чувано во замрзнувач, е широко речиси четири сантиметри, поточно 3,93 цм и тежи 20,4 грама, со што е повеќепати по голема од просечната боровинка.

Титулата претходно ја држеше бобинка од 16,2 грама одгледана во Западна Австралија. Се работи за нова сорта, развиена од „Коста груп“ за потребите на потрошувачите на поголеми бобинки. Стручњакот Бред Хокинг вели дека сортата „Етерна“ дава поголеми плодови, но не секаде.

– Овошјето очигледно беше со рекордна големина. Можевме да набереме 20 или повеќе бобинки тоа утро, што би го соборилe претходниот рекорд. Боровинките традиционално се јадат за појадок. Но, вкусот и цврстината се тука – навистина се убаво крцкави и (имаат убав) мирис, изјави Хокинг.

По 12 недели, бобинката е вклучена во Гинисовата книга на рекорди. Тимот научници одлучи да го зачува овој примерок и дека тој не е за јадење. Тој тврди дека бобинкиве, иако големи, не влијаат значително на вкусот на самото овошје. 

Related posts

Пет видови на храна богата со флавоноиди кои треба често да ги јадеме

CityLife

Ким Кардашијан се придружи на клубот милијардери

CityLife

Пријанка Чопра Џонас ѝ помога на Индија во борбата против Ковид-19

CityLife