Австралиецот не се предава! Објави нови фотографии како доказ на својата теза дека е син на Чарлс и Камилa

Сајмон Доранте-Деј е посвоен во Австралија, а семејството што го посвоило било во роднинска врска со кралското семејство. Роден е во април 1966 година и тврди дека е потомок на кралската линија, што сака и да докаже.

Тој веќе со години тврди дека е вонбрачен син на принцот Чарлс и Камила, и е убеден дека принцот имал 17 години, а Камила една година постара кога бил зачнат.

„Камила е твоја мајка, тоа е несомнено. Ако ставиш перика и се нашминкаш, мислам дека никој не би ја забележал разликата,“ гласи еден од коментарите за поддршка.

Дедото и бабата на семејството во кое бил посвоен биле вработени како градинар и готвачка за кралицата Елизабета и принцот Филип.

Сајмон веќе објави фотографии со сличностите, па дури ги замоли Чарлс и Камила да направат ДНК-тест за да ги докаже своите тврдења:Процесите во семејниот суд во Австралија не можат да бидат објавени во медиумите, затоа моите постапки не беа јавни.

„Вистината ќе се дознаеше доколку принцезата Дијана не почина во 1997 година затоа што таа знаеше за моето постоење,“ вели тој и додва дека луѓето постојано го препознаваат, иако не знаат од каде. „Го прошетав светот и луѓето секогаш ме запираат и ми велат: Ми изгледаш многу познат, иако не можам да сфатам зошто.“

Related posts

Викенд донира милион долари за борба против гладот во Етиопија

CityLife

Психологијата зад повторното навраќање на исти филмови и серии

CityLife

Во Мостар исчезна статуата на Брус Ли, истрагата на полицијата е во тек

CityLife