Џо Бајден ќе пие чај кај кралицата

Бакингемската палата потврди дека кралицата ќе им биде домаќин на американскиот претседател и првата дама во замокот Виндзор викендов.

Со ублажување на рестрикциите по строгиот локдаун во Велика Британија, монархињата  се враќа на личните должности – на радост на кралските фанови. Еден од нејзините претстојни ангажмани е особено историски, бидејќи таа се подготвува да биде домаќин на американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата посета на Велика Британија.

Бакингемската палата официјално ја потврди веста, со соопштение од Royal Communications кое гласи: „Кралицата ќе се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави и првата дама Џил Бајден во замокот Виндзор во недела на 13 јуни 2021 година.“

Нејзиното Височество ќе ги пречека претседателот и првата дама во Виндзорскиот замок. По нивното пристигање, почесната гарда составена од гренадири ќе даде кралски поздрав и ќе се интонира националната химна на САД.

Претседателот и првата дама потоа ќе ѝ се придружат на нејзиното височество за чај во резиденцијата на кралицата, замокот Виндзор.

Ова ќе биде петти пат монархињата да биде домаќин на американски претседател и прва дама во Виндзорскиот замок во последните неколку децении, по Доналд и Иванка Трамп во 2019 година, Барак и Мишел Обама во 2016 година, Џорџ и Лора Буш во 2008 година, Бил и Хилари Клинтон во 1995 година, Роналд и Ненси Реган во 1982 година.

Џо Бајден ќе биде 13-ти американски претседател што се сретнал со 95-годишната монархиња.

Related posts

Пет здрави пијалоци за намалување на нивото на холестерол

CityLife

Кијану Ривс не беше првиот избор за Нео во Матрикс, еве кој актер ја одбил улогата

CityLife

Замор, чешање, болки во грбот: Оваа болест го уништува телото, внимавајте на симптомите

CityLife