Џенифер Лопез и Алекс Родригез излегоа на вечера по разделбата

5c86c7892628980f08192e61.jpg

Пред неколку дена Џенифер Лопез и Алекс Родригез беа видени заедно на вечера во хотелот „Бел-ер“ во Лос Анџелес. По веста за овој состанок откако двајцата потврдија дека нивната врска е завршена, фановите сакаат да знаат дали парот е повторно заедно, пишуваaт „Њујорк пост“ и „Пејџ сикс“.

Вечерата била во истиот ресторан каде Лопез и Родригез го имаа првиот состанок во 2017 година.

Тие беа забележани заедно една недела откако објавија крај на нивната четиригодишна врска. Лопез и Родригез се верија во 2019 година.

„Вечерата беше идеја на Алекс, кој се обидува да ја врати Џенифер,“ весникот цитира извор близок до поранешниот свршеник на Џеј Ло.

Родригез, наводно ја моли Лопез за втора шанса. „Алекс договори состанок, па дури и резервираше во ресторанот каде што имаа прв состанок. Очигледно направил некоја грешка, но тој не е тип на човек кој би прифатил да му кажат ‘Не’ и тој е 100 проценти убеден дека може да ја врати назад,“ вели изворот.

Related posts

Трите најважни минерали за функцијата на тироидната жлезда, а ова се намирниците кои ги содржат

CityLife

Принцот Хари нема да врши притисок врз своите деца

CityLife

Организаторите на Олимписките игри во Париз ги загрижуваат тигрестите комарци

CityLife