Ќе го носам мојот розов фустан за тебе: Војвотката од Кембриџ лично се обедини со мала пациентка со леукемија

Gettyimages 1233136855.jpg

Оваа недела, кралските фанови во Британија беа воодушевени што уште еднаш ги видоа војводата и војвотката од Кембриџ додека беа на официјално патување во Шкотска.

Во четвртокот, на последниот ден од посетата, војвотката изврши особено посебен ангажман – средба со четиригодишната Мила Снендон од Фалкирк, која се најде на една од најновите селектирани фотографии на изложбата Kate’s Hold Still.

Објавата на Инстаграм-профилот на Кембриџови гласи: Една недела пред локдаунот минатата година, семејството на Мила донесе тешка одлука да се самизолира во различни домаќинства за да ја заштити Мила, која веќе четири месеци прима хемотерапија по дијагностицирана леукемија.

Војвотката разговараше со Мила на телефон пред неколку месеци откако нејзината фотографија беше избрана за една од последните 100 за проектот HoldStill2020 надевајќи се дека еден ден ќе се сретнат и ќе ги носат своите розови фустани заедно.

Денес, Мила и нејзиното семејство ја посетија палатата Холиродус за да се видат со војвотката и да пијат чај заедно, наведено е во објавата од четвртокот.

Related posts

(Фото) Ванда Икарди има што да покаже

CityLife

Аријана Гранде откри фотографии од тајната венчавка со Далтон Гомез

CityLife

Пет нешта што никогаш не треба да ги споделувате со колегите

CityLife