Ќерката на принцот Едвард омилена внука на кралицата Елизабета

Luis.jpg

Кралицата Елизабета има осум внуци, а некои од нив речиси воопшто не се појавуваат во медиумите. Новинарите се најмногу заинтересирани за животот на принцовите Хари и Вилијам, а нивните роднини се запоставени во таблоидите.

Леди Луиз Виндзор, ќерка на принцот Едвард, за која одамна се зборува дека е омилена внука на кралицата Елизабета, никогаш не била во центарот на вниманието на медиумите. Нејзиниот дедо, принцот Филип, во својот тестамент ѝ остави коњи и кочија и таа беше меѓу 30-те најблиски луѓе поканети на кралскиот погреб.

Леди Луиз Виндзор нема титула принцеза иако таа ѝ припаѓа по раѓање бидејќи е внука на кралицата. Нејзините родители, принцот Едвард и грофицата Софи, ја одбија титулата за својата ќерка. Луиз е родена 2003 година и била недоносче поради што имала здравствени проблеми и неколку операции.

Таа наводно е многу внимателна кон баба си и кон целото семејство и е среќна што ги чува децата на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам кога се на одмор со кралицата.

Кралицата ја обожава и нејзината мајка Софи, грофицата од Весекс. Принцот Едвард е единственото дете на кралицата што не поминало низ развод, а принцот и грофицата се во брак 21 година.

Related posts

Ѕвездите го поддржаа апелот на УНИЦЕФ за дистрибуција на вакцини

CityLife

Викенд хороскоп за 06 Јули 2026 година

CityLife

Петто издание на винскиот фестивал во Охрид

CityLife