Јапонка уапсена поради откажување на повеќе од 2.000 нарачки од онлајн продавница за книги

Knigi.webp.webp

Јапонската полиција уапси 32-годишна жена под сомнение дека го попречувала работењето на издавачката куќа „Shueisha Inc.“ со тоа што нарачувала производи повеќе од 2.000 пати, а потоа ги откажувала.

Мају Јошида ги прифатила обвиненијата изјавувајќи дека тоа го сторила поради стрес. Според полицијата, таа од јули 2024 до мај 2025 година, нарачувала големи количини фигурини и други производи поврзани со популарната манга серија „One Piece“ преку онлајн продавницата „Jump Characters“ на издавачката куќа „Shueisha“, а потоа ги откажувала нарачките, пред да ги плати.

За таа цел жената користела повеќе од 200 различни кориснички сметки за пазарење. Нарачките биле автоматски откажувани бидејќи таа не го извршувала плаќањето во предвидениот рок или одбивала да ги прими доставените пакети кои требало да ги плати по прием.

Компанијата го пријавила случајот во јуни минатата година.

Related posts

Избегнувајте ги овие грешки ако сакате да го намалите ризикот од рак на дебелото црево

CityLife

НАСА објави нови слики од „Далечната страна“ на Месечината

CityLife

Правните проблеми на Џони Деп го инспирираа да пишува песни

CityLife