Ѕвездите заблескаа на црвениот тепих во „Ројал Алберт Хол“

Фиби Диневор, Пријанка Чопра и Ник Џонас беа меѓу првите кои пристигнаа на црвениот тепих на најголемата вечер во британскиот филмски календар, наградите БАФТА.

Поради Ковид-19, победниците и номинираните не присуствуваа лично во „Ројал Алберт Хол“, тие се појавија виртуелно. Но, голем број sвезди дојдоа во лондонската концертна сала, местото каде што се објавуваа победниците.

Фиби Диневор, sвездата на најгледаната серија на „Нетфликс“, „Бриџертон“, донесе гламур на црвениот тепх во елегантен црн фустан на едно раме.

Пријанка Чопра Џонас и нејзиниот сопруг Ник Џонас застанаа за да се бакнат на црвениот тепих.

Рене Зелвегер се појави на екранот додека позираше на виртуелен црвен тепих од Лос Анџелес.

Related posts

(Видео) Саудијците ќе градат стадион на врв на карпа висока 200 метри

CityLife

Оваа ужина треба да ја јадете повеќепати на ден за да го намалите ризикот од рак

CityLife

„Најки“ ја тужи компанијата што му направи патики на ѓаволот

CityLife