Ѕвездите го поддржаа апелот на УНИЦЕФ за дистрибуција на вакцини

1.jpg

Милиони вакцини против Ковид-19 може да бидат фрлени ако богатите земји испраќаат големи количини на вишокот дози во посиромашните држави во една пратка, предупреди УНИЦЕФ.

Добротворната организација соопшти дека треба да има стабилно снабдување во текот на целата година, бидејќи сиромашните земји немаат ресурси за да ги искористат сите одеднаш.

Велика Британија и другите ветија дека ќе ги донираат своите вишоци дози – но од нив беше побарано да дадат повеќе порано.

Многу селебрити-личности, вклучувајќи ги Били Ајлиш и Дејвид Бекам, го поддржаа апелот на УНИЦЕФ, пренесува Би-би-си.

Познатите личности – актери, пејачи, спортисти – ставија свој потпис на писмо до групата богати земји Г7 – вклучително и Велика Британија – во кое бараат да донираат 20% од вакцините до август.

„Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши насекаде“, напиша Бекам.

Меѓу sвездите кои го потпишаа писмото се Енди Мареј, Оливија Колман, Еван Мекгрегор, Лијам Пејн, Пријанка Чопра Џонас, Орландо Блум, Кети Пери, Гема Чан, Вупи Голдберг, Клаудија Шифер и Крис Хој.

Related posts

Анџелина Џоли елегантна на прошетка со својата ќерка

CityLife

Бијело Дугме ќе прослави пола век постоење со концерти: Славеничката турнеја започнува во Сараево на 11 мај

CityLife

Маск најави имплант кој ќе им овозможи на слепите луѓе да гледаат

CityLife