Целосното затемнување на Сонцето на 8 април ќе биде видливо од Канада, Мексико и САД

677z381 677z381 Pomracenje Pix.jpg

Целосно затемнување на Сонцето или совршено порамнување на Земјата, Месечината и Сонцето ќе се случи на 8 април и ќе биде видливо од Канада, Мексико и Соединетите Американски Држави.
Затемнувањето ќе трае четири и пол минути, а ќе може да се гледа на веб-страницата и каналот Јутјуб на американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА), пренесува Скај њуз.

За разлика од делумното, целосното затемнување на Сонцето го затемнува небото како да е самрак и ви овозможува да ја видите короната на Сонцето, односно неговата светла бела атмосфера.

„Целосното затемнување на Сонцето е една од најубавите глетки на природата и можеби е ретко каде било во галаксијата“, вели професорот по астрофизика на Универзитетот во Оксфорд, Крис Линтот.

Научниците на НАСА се особено заинтересирани за новото знаење за короната на Сонцето кое може да се добие кога ќе испратат истражувачки авиони на височина од околу 15 километри за време на затемнувањето.

Сончевата корона е мистерија за научниците бидејќи е стотици пати потопла од површината на Сонцето и од изворот на сончевиот ветер.

Се очекува стотици граѓани да учествуваат во проучувањето на оваа појава, преку мерење на смирувањето на птиците и другите животни, падот на температурата на Земјата и влијанието врз каналите за комуникација.

Ова затемнување е невообичаено бидејќи, иако е нормално видливо од истата локација еднаш на секои 375 години, ќе биде видливо во државата Илиноис по втор пат за само седум години.

Related posts

Повеќе од пријатели? „Бенифер“ повторно на насловните страници

CityLife

Софија Вергара блеска во цветен фустан на интимна вечера со сопругот

CityLife

Задоволителна делотворност на „Старлинк“ сателитите на „Спејс-Икс“

CityLife