Холивуд сака рестартирање – сега е на ред шоуто на „Оскарите“

Најголемото исчекување на „Оскарите“ во недела (25 април) можеби не е кој ќе ги освои најпрестижните награди – па дури и ако „Нетфликс“ конечно може да го добие посакуваниот трофеј за најдобар филм – туку како ќе изгледа најголемата вечер на филмската индустрија по бурната година, коментираат светските медиуми.

Принудени да ја преиспитаат церемонијата поради пандемијата, и со наплив на диверзитет претежно со помали филмови, организаторите ветуваат шоу поразлично од сè што е видено во 93-годишната историја на „Оскарите“.

Поставена за прв пат во железничка станица во центарот на Лос Анџелес, иако впечатлива зграда на Арт Деко, продуцентите на свеченоста беа нејасни во врска со деталите за лимитираната церемонија, што ќе се емитува на телевизијата Еј-би-си.

Но, тие велат дека тонот ќе биде оптимистички и свечената вечер ќе делува како љубовно писмо за девастираната филмска индустрија по едногодишното затворање на кината и одложувања на премиери на десетици потенцијални блокбастери.

„Ние сме тука за да покажеме зошто е важно киното“, рече Стејси Шер, една од тројцата продуценти на „Оскарите“.

Холивудската драма „Менк“ на Нетфликс Инк, од 1930-тите, води по бројот на номинации – 10 на листата за најдобри филмови, на која е и сагата во судницата од 1960-тите, „Судењето на седумтемина од Чикаго “, исто така од Нетфликс.

Related posts

Изнајмувањето на Вилата на Тито во Сплит за еден ден чини 4.000 евра

CityLife

Џенифер Лопез и Алекс Родригез навидум повторно заедно

CityLife

Ќе го носам мојот розов фустан за тебе: Војвотката од Кембриџ лично се обедини со мала пациентка со леукемија

CityLife