Уште еден филм за „Трансформери“ доаѓа од режисерот Енџгел Мануел Сото

Поминаа долги три години откако последен пат ги видовме маскираните роботи во киносалите. А сега „Парамаунт“ се враќа со нов филм во режија на Енџел Мануел Сото и Марко Рамирез како продуцент.

Сото е најпознат по претстојната работа на „Синиот бумбар“ и по неговиот најнов филм Charm City Kings. Тој ќе работи со Марко Рамирез, за кого ова ќе биде прв долгометражен филм. Но, ова не значи дека тој не е искусен. Писателот има Марвелова крв, ја продуцираше нивната серија The Defenders за „Нетфликс“ и шест епизоди на Daredevil во втората сезона.

Овој филм не треба да се меша со „Трансформери 7“, чија премиера се очекува во 2022 година. Овој филм не е поврзан ниту со главната линија на оригиналните филмови за трансформерите. Филмот е сè уште во рана фаза, така што има малку информации за приказната и sвездите кои играат во него.

Related posts

Дара Бубамара игра на јахта во Дубаи (видео)

CityLife

Лејди Гага безвременски шик за промоција на часовник „Тудор“

CityLife

Дакота Џонсон во преговори да глуми во „Мадам Веб“

CityLife