Украинец продавал отров на самоубијци преку интернет

Download 2.jpg

Украинец кој продаде отров поврзан со најмалку 130 смртни случаи во Велика Британија е идентификуван како Леонид Закутенко, откри истрагата на Би-Би-Си.

Своите услуги ги рекламирал на веб-страница која промовира самоубиство, а на новинарот кој лажно се претставил му рекол дека неделно испраќа пет пакувања со отров во Британија.

Тој ја испраќаше истата токсична супстанца како Канаѓанецот Кенет Лоу, кој беше уапсен минатата година и сега се соочува со 14 точки од обвинението за убиство. Закутенко, кој живее во Киев, ги отфрли тврдењата на Би-Би-Си. Новинарите дојдоа кај него во неговата куќа.

Тој негираше дека продавал каква било смртоносна супстанција, што британскиот јавен сервис не сака да го открие. Сепак, Би-Би-Си истакнува дека нивната истрага покажала дека тој со години испраќал отров во Британија.

Хемикалијата може да се купи легално во Британија, но само од луѓе кои ја користат за законски дозволени цели. Продавачите не смеат да продаваат супстанца на купувачите, освен ако не направиле основна проверка за што се користи таа супстанца, која може да биде фатална доколку се внесе во организмот дури и во мали дози.

Related posts

Зак Ефрон не може да најде купувач за куќата во Лос Анџелес

CityLife

Бен Афлек го носи синот на пливање

CityLife

Родното место на Хари Стајлс прераснува во култна туристичка знаменитост

CityLife