Тројан Белисарио се породила во автомобил

Актерката од Pretty Little Liars („Убави мали лажговци“) и нејзиниот сопруг Патрик Адамас овој месец го дочекаа нивното второ дете, девојче, Елиот Роен Адамс, а парот дури сега го откри драматичното доаѓање на свет на нивната ќеркичка.

„Почнав да го туркам појасот далеку од мене. Имав голема болка и повеќе не можев да останам во седечка позиција,“ рече актерката.

А Патрик се присети: „Кога пристигнвме во Медицинскиот центар Седарс-Синај, Патрик, само што го притиснав копчето на влезната капија и го зграпчив билетот, таа вресна, и додека ја свртив главата, Тројан веќе беше на раце и колена.

„Истрчав до портирот и му велам: Се случува, во автомобилот. Треба да симнете инвалидската количка, ни требаат луѓе, сите луѓе! Сите професионалци!“

По многуте врискања, Патрик решил да ги спушти пантолоните на својата сопруга, а малата глава на бебето била токму таму пред него. На мајката ѝ олеснило кога го слушнала бебето како плаче додека Патрик го држел наопаку.

Тие навестија искуство на диво раѓање кога го објавија доаѓањето на нивното малечко.

Related posts

„Пријатели“ повторно заедно како семејство, вели Џенифер Анистон

CityLife

Ким Кардашијан негира дека купила древна скулптура во 2016 година

CityLife

Принцовите Вилијам и Хари со одделни изјави за нивниот дедо

CityLife